четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 161
home Регион

Заедницата на српски општини, со финалниот договор меѓу Косово и Србија

Заедницата на српски општини, со финалниот договор меѓу Косово и Србија

Владата на Косово е подготвена да работи на забрзување на процесот на формирање на Заедницата на општини со мнозинско српско население, но се уште не добила никаков нацрт-статут предложен од работниот тим кој е одговорен за негово изготвување, велат претставници на косовската Влада за Радио Слободна Европа.

Еден нацрт-статут за Зедницата, изготвен од работната група која ја сочинуваат четворица правни експерти од српска националност од Косово, веќе е испратен до надлежните органи во Европската унија. Меѓутоа, косовската Влада со тој нацрт не е запознаена.

Единтвено, како што јави дописникот на МИА од Приштина, во јавноста излегоа делови од првичниот извештај за работата на работната група, кои беа оценети како сосема неприфатливи за албанската страна, бидејќи, меѓу другото, се предвидени големи извршни надлежности за Заедницата, а Косово во целиот извештај се нарекува „Косово и Метохија“, што е името кое за земјата се користи во Уставот на Србија и кое е неприфатливо за Албанците.

Дека Владата во Приштина не е информирана за никаков нацрт-статут за Заедницата, потврдува и Халил Матоши, политички советник на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Матоши вели дека самите власти во Белград влијаат за развлекување на процесот на формирање на Заедницата, со недеж дека тоа прашање ќе го решат во рамките на финалниот договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

– Се чини дека српската страна, во координација со политиките на официјален Белград, се труди да ја пролонгира работата, за да ја поврзе со финалниот договор, каков и да биде тој, со надеж дека ќе добијат што повеќе. Меѓутоа, решителен став на премиерот на Косово, Харадинај, е дека Заедницата ќе се формира и, што се однесува до Владата, статутот може да се напише уште денеска, но ќе биде исклучиво во рамките на Уставот и законите на Косово, изјави Матоши за РСЕ.

Српскиот познавач на политичките прилики, Петар Милетиќ, смета дека косовските власти намерно ги одолговлекуваат работите околу Заедницата, со надеж дека не ќе мораат воопшто да ја формираат. Сепак, според него, главен виновник за неизработка на статутот на Заедницата и за нејзиното неформирање е официјален Белград, односно власта на српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Тие, по одржувањето на локалните и парламентарните избори на северот на Косово не рекоа дека по ова не може да има никаков договор без формирање на Заедницата. Тоа беше единственото решение како да се дојде до формирање на Заедницата. Но, сега веќе сигурно ќе чекаме конечен законски обврзувачки договор за Заедницата да се формира. Меѓутоа, ниту тоа не гаранатира дека Заедницата ќе ги има тие надлежности кои се неопходни за Србите да се чувствуваат по сигурно и по комотно во Косово, изјави Милетиќ за РСЕ.

Претходно, еден од членовите на работната група за изработка на статутот рече дека „основа за формирање на Заедницата е промената на косовскиот Устав и усвојување посебни закони кои ќе и овозможат извршни надлежности“.

Претставници на косовските власти, пак, нагласија дека немаат намера да го менуваат Уставот за да ги внесат во него надлежностите на Заедницата.

Коронавирус