четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Задолжителен негативен тест за Ковид-19 за авионските пристигнувања во Грција од Романија и Бугарија

Задолжителен негативен тест за Ковид-19 за авионските пристигнувања во Грција од Романија и Бугарија

Од вторник 28 јули сите оние кои во Грција ќе пристигнат авионски од Бугарија и Романија, задолжително ќе биде да имаат негативен молекуларен тест за Ковид-19, направен до 72 часа пред патувањето, соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката е донесена „врз основа на анализа на епидемиолошките податоци“ и е во сила до 4 август 2020 година, а не важи за грчките државјани, за оние кои имаат грчка дозвола за престој и за оние кои патуваат од есенцијални причини.

Иако на граничниот премин Промахонас (Кулата) на влезот во Грција од Бугарија веќе е задолжителен негативен тест за Ковид-19, за патниците од летовите од Бугарија и Романија немаше никакви ограничувања при пристигнувањата на грчките аеродроми. Нешто што од вторник ќе се промени.

Паралелно и понатаму е во сила обврската, сите патници, да го имаат пополнето формуларот Passenger Locator Form (PLF) 24 часа пред нивното пристигнување во Грција.

Коронавирус