сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 42
home Регион

Заборавете на одмор во оваа соседна држава каде летуваат многумина: Владата пресече, еве до кога ќе трае вонредната состојба таму!

Заборавете на одмор во оваа соседна држава каде летуваат многумина: Владата пресече,  еве до кога ќе трае вонредната состојба таму!

Албанската Влада му достави на Парламентот предлог-одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата до 23 јуни, поради  создадената состојба со Ковид-19.

Ова значи дека во сила и понатаму ќе бидат преземените мерки за спречување на ширењето на опасниот коронавирус.

Владата вонредна состојба поради „природна катастрофа“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа  за период од 30 дена,што значи до 25 април.

Како што стои во Предлог-одлуката Владата ја донесла истата по предлог на министерката за здравство и социјална заштита и државниот министер за обнова,поради пандемијата од „Ковид-19“.

Меѓуминистерскиот комитет за граѓански вонредни состојби и сите државни и јавни институции се должни доследно да ја спроведуваат оваа одлука,која стапува во сила  веднаш по изгласувањето од Парламентиот и објавувањето во Службен
весник.

Инаку, иако со бавно темпо, билансот на заразените од „Ковид-19“ во Албанија се зголемува. Денешните објавени податоци потврдуваат дека во последното деноноќие доијагностицирани се 25 нови случаи, или за три повеќе од вчера,со што вкупниот број на инфицирани се зголеми на 609 лица.

Коронавирус