четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Регион

Заболени од коронавирусот доживеале големо изненадување на одмор во Грција

Заболени од коронавирусот доживеале големо изненадување на одмор во Грција

Иако на многумина им пропадна одморот во Грција, сепак некои поминаа подобро отколку што се надеваа. Додека голем број српски туристи мораа да го прекинат одморот заради позитивен тест на Кoвид 19, други добија повеќе отколку што платиле.

Тестот кој е направен во автобус со српски туристи на бугарско – грчката граница Промахонас покажал дека две семејства и две другарки кои тргнале на Тасос се позитивни. Прво следел шoк, а потоа решение, биле пренесени во кoвид – хотел.

Но, хотелот не бил обичен, туку е хотел со 5 ѕвезди. Локалните власти на Тасос донесоа одлука дека сите туристи кои се позитивни и асимптоматски случаи, можат да го продолжат летниот одмор во Ковид-хотел. За позитивните туристи е подготвен луксузен хотел со соби со поглед на море и полн пансион, пишува Новости.

Позитивните туристи во Грција резервирале евтини апартмани, а добиле „соvid all inclusive“ во лукс хотел.

Грчките здравствени власти алармираат, бидејќи бројот на заразени е во пораст, а повеќето случаи се поврзани со туристички патувања, особено со оние кои доаѓаат од балканските земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Еден случај кој предизвика посебна загриженост, а станува збор за државјани на Србија кои летувале во Аидипсос во Евија. По тестирањата двајцата сопружници биле позитивни, а здравсвените власти се обиделе да ги идентификуваат нивните контакти, вклучувајќи и го и таксистот кој ги возел до болница“, наведува Катимерини.

Коронавирус