среда, 30. септември 2020. Вести денес: 129
home Регион

Забавен сообраќајот до Копаоник, кај Краљево завеани 200 луѓе

Забавен сообраќајот до Копаоник, кај Краљево завеани 200 луѓе

Снегот, кој од синоќа интензивно паѓа на Копаоник, придружуван од силни ветрови, достигна височина од 70 сантиметри. Сообраќајот е забавен, формирана е колона од возила, а во местото Рудно кај Краљево се завеани повеќе од 200 луѓе, јави РТС.

Најмногу проблеми има на патот Рудница – Копаоник, во викенд населбата, каде што чистењето на снегот е отежнато поради паркираните возила.

Како што пренесува РТС, патот од Рудно кој води до Ибарска магистрала е завеан, а снежните наноси достигнуваат до еден метар.

Коронавирус