петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Регион

За влез на плажа 20 евра, со мали деца ги избркале: Црногорците станале негостопримливи летово

За влез на плажа 20 евра, со мали деца ги избркале: Црногорците станале негостопримливи летово

На плажата кај хотелот „Палма“ влезот бил оневозможен за семејството Билафер од Бијеле.

Мартин Билафер со сопругата и двете мали деца (2-годишно момче и 4-месечно девојче) сакал да се капе на споменатата плажа, но работниците од обезбедувањето го спречиле да влезе на плажата.

-Ми рекоа да платам 20 евра или во спротивно не можам да влезам, рекол Билафер.

Тој му се обратил на на претседателот на Бокешкиот форум, Андрија Петковиќ и на лице место го запознал со случајот.

-Незамисливо е во нашиот Тиват, нашата Бока, секогаш позната по гостопримството да дозволиме вакво нешто да се прави. Станува збор за мали деца, семејство. Не дај Боже нешто да им се случи на топлово. Во секој случај некој поради ова мора да сноси одговорнопст. Бараме од надлежните институции да ја испитаат одговорноста, во склад со законските одредби. Во спротивно во краен случај ќе ја земеме правдата во свои раце, а помош ќе бараме и кај вишите меѓународни служби, што секако нема да го поправи и онака лошиот имиџ на Црна Гора, рекол Петковиќ.

Коронавирус