сабота, 28. март 2020. Вести денес: 35
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

За три дена регистрирани речиси 3.000 прекршувања на забраната за движење во Грција

За три дена регистрирани речиси 3.000 прекршувања на забраната за движење во Грција

Во текот на вчерашниот ден, грчката полиција за прекршување на забраната за движење изрекла 1155 казни во цела Грција, од кои над една третина се во регионот Атика, пошироката област на грчката престолнина, јави дописничката на МИА од Атина.

Од понеделникот пак, кога стапи во сила мерката за забрана на непотребно движење на граѓаните, заклучно со вчера, вкупниот број прекршувања регистрирани од полицијата се 2950 и биле изречени исто толку казни од 150 евра.

Средствата од казните ќе бидат искористени за поддршка на медицинскиот персонал и здравствената инфраструктура.

Прекршоците се во случај граѓаните да немаат писмено оправдание, односно потврда за целта за нивното излегување или пак да ги немаат потребните документи за лична идентификација.

Паралелно, грчката полиција продолжува и со контролите во однос на забраната, ограничувањата или правилата за работење на продавниците, кафулињата, рестораните и сл, а согласно соопштението од грчката полиција и понатаму продолжуваат прекршувањата.

Во текот на вчерашниот ден биле уапсени шест лица во шест случаи, а од почетокот на контролите на 12 март 2020 година, биле регистрирани 264 прекршувања и уапсени 273 лица.