сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 90
home Регион

За печење ракија казнета 98-годишната жена

За печење ракија казнета 98-годишната жена

Хрватски цариници казниле 98-годишната жена од Лика, бидејќи печела ракија.

Старицата од Удбина печела ракија на традиционален начин, а кога , со помош на соседите, бил ставен уште еден котел, во дворот и пристигнал мобилен тим на Царинската служба во Задар.

Старата жена живее сама, па затоа немало кој да и ја објасни законска процедура во врска со условите за дестилација на алкохол дома, пишува „Нови лист“.

Весникот наведува дека ракијата и била одземена и ѝ била наплатена казна.

Одземени и се 54 литри ракија, а на самото место и била наплатена парична казна од 500 куни (околу 68 евра), а подоцна и дополнителна парична казна од 1500 куни (околу 200 евра).

Соседите не паметат дека некој бил толку ригорозно казнет за таков прекршок.

Коронавирус