недела, 26. септември 2021. Вести денес: 88
home Регион

За патување со брод или траект кон островите во Грција ова е ЗАДОЛЖИТЕЛНО: До сега вратени над 4.500 лица

За патување со брод или траект кон островите во Грција ова е ЗАДОЛЖИТЕЛНО: До сега вратени над 4.500 лица

Над 4.500 лица биле спречени да се качат на брод кон нивната дестинација од атинското пристаниште Пиреас, поради недостиг или нецелосни документи за Ковид-19, соопшти министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

За патување со брод кон островите задолжителен е сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен резултат од ПЦР или рапид тест, а контролите ги врши крајбрежната служба на Грција.

-Контролите на припадниците на крајбрежната служба се целосни и се извршуваат брзо и ефективно. Во изминатата седмица, за жал не им беше дозволено да се качат на брод на над 4.500 лица, рече Плакиотакис.

Содржината продолжува после огласот

Коронавирус