сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 56
home Регион

За Милена зборува цел Балкан: Сама се грижи за 4 ќерки, 40 крави, 8 овци, а се брани и од волци

За Милена зборува цел Балкан: Сама се грижи за 4 ќерки, 40 крави, 8 овци, а се брани и од волци

Откако нејзиниот сопруг за жал ги напуштил, 34-годишната Милена Совиљ Плечаш сама се грижи за 4 ќерки и голем селски имот.

-Сѐ имаме и добро живееме, вели Милена за рватскиот портал „24 sata“. Таа вози трактор, коси трева, меша малтер, готви, пере, ја средува градината.

Таа е моќна самохрана мајка на четири малолетни деца која се снаоѓа во земјоделието, сточарството, домаќинството, градежните работи и воспитувањето на деца, вози трактор и се грижи сѐ совршено да функционира.

Од волците кои доаѓаат понекогаш до нејзиниот имот во селото близу Грачаца, се брани така што пука петарди.

-Ќерките некогаш ми помагаат, а некогаш не сакаат, Но никогаш не им е досадно. Си играат со кучиња и со овци, за кои мислат дека се домашни животни, бидејќи деца во соседството нема. Ако нешто не им се прави, секогаш може да шетаат низ шумата, вели Милена, а девојчињата признаваат дека никогаш не им е досадно бидејќи природата е полна со изненадувања.

-Тука има многу лисици, а еднаш видовме и јазовец, весело раскажуваат миленичките на Милена, за авантурите кои ги доживуваат додека нивната мајка работи.

-Самата косам, седнувам на тракторот и косам а подоцна ја земам искосената трева. Соседите ми помагаат понекогаш. Ги викам на кафе и ги зезнувам за да ми помогнат… се снаоѓам некако. Работниот ден започнува во 9, а завршува кога ќе паднам со нозете, додава Милена.