понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 126
home Регион

За да ги задржат муштериите, сопственици на пекарница измислија „бурекомат“

За да ги задржат муштериите, сопственици на пекарница измислија „бурекомат“

Сопственици на пекарница во Панчево, Србија, откако била прогласена вонредна состојба во државата, решиле да отворат шалтер за продажба на бурек, а кој ќе овозможува минимален контакт со муштериите.

Па така, тие се сетиле да постават – бурекомат!

– Повикавме мајстор за да ни направи шалтер. На едно место се ставаат парите и се враќа кусур, а под него постои дел каде што се доставува храната. Тоа го направивме затоа што најголемиот број од нашите муштерии се навикнати да купат бурек и да го јадат во нашата пекарница. Меѓутоа, поради ситуацијата со коронавирусот такво нешто не е возможно. Па затоа, моравме да најдеме решение како да ги задржиме муштериите, и направивме бурекомат – раскажала сопственичката на пекарницата, Светлана Радаковиќ.

Коронавирус