четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

За албанските демократи Леши е најнеосодветна личност,Рама ќе го контролира МВР

За албанските демократи Леши е најнеосодветна личност,Рама ќе го контролира МВР

Најголемата албанска опизициска сила,Демократската партија,реагираше во врска со одлуката на премиерот Еди Рама, заменик  министер за внатрешни работи да биде на Сандер Леши,но со „надлежности на министер“.

Во партиското соопштение се оценува дека Леши е најнесоодветна личност да раководи со овој значаен сектор,  а на премиерот Рама од голема важност му е да го контролира Министертвото за внатрешни работи

-Бидејќи,де факто ќе биде министер за внатрешни работи,Еди Рама ќе има многу повеќе средства да ги заштитува Олси Рама(брат на премиерот), Вангѓуш Дако, Таулант Бала, Дамиан Ѓикнури, Арбен Ахмета и секој член на неговата банда на власт.наименувањето на најнесоодветната личност да го раководи Министерството за внатрешни работи потврдува дека Еди Рам не го интересира борбата против организираниот криминал,туку негова заштита по секоја цена,-стои меѓу другото во партиското соопштение.

Опозицијата обвинува дека ни една личност што до сега Рама ја поставил на чело на ова министертво не се борела против органиизраниот криминал туку соработувала и го заштитувала со директна наредба на Рама.

-Еди Рама не може да се бори против Еди рама,затоа му е потребна кукла како Сандер Леши,со цел за да се заштити себе си и да ја гарантира недопирливоста на криминалот,-обвинија демократите.

Инаку,откако албанскиот претседател Илир Мета не се согласи нов министер за внатрешни работи да биде Сандер Леши, премиерот Рама одлучи да го наименува за заменик министер во ова министертво,за што одлука треба да донесе владата.

Коронавирус