недела, 9. мај 2021. Вести денес: 139
home Регион

Вулин: Србија е воено неутрална држава

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека Србија е воено неутрална држава, која сама носи одлуки и не треба да се потчинува на ничија политика.

Тој додаде дека е неопходно зајакнување на армијата, со цел земјата да остане независна, истакнувајќи дека авионите-ловци МИГ, чија модернизација е во тек, ќе бидат најсовремените во регионот.

– Согласно договорот меѓу српскиот и рускиот претседател, Александар Вучиќ и Владимир Путин, ние ќе продолжиме да ја модернизираме армијата, ќе имаме оклопни возила, тенкови. Русија е наш важен партнер. Сега ни е неопходен хеликоптер МИ-17, нагласи српскиот министер.

Според Вулин, зајакнувањето на војската значи стабилен Балкан и мир. Тој потврди дека српската армија моментно учествува во десет мировни мисии во светот.

(Миа)

Коронавирус