четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 112
home Регион

Вулин: Проектот „Голема Албанија“ не е напуштен

Вулин: Проектот „Голема Албанија“ не е напуштен

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, порача дека претставниците на Албанците никогаш не го напуштиле проектот „Голема Албанија“. Тој предупредил дека проектот не може да се оствари без насилство и прогон на сите други народи од Косово и Метохија.

Вулин истакнал дека проектот „Голема Албанија“ е закана за целиот регион, но дека е загрижувачки тоа што ЕУ и НАТО, како и остатокот од светот, не разбираат или се прават дека не разбираат дека присуствуваме на создавање на „голема Албанија“.

„Замислете кога нашиот премиер би излегол со претседателот на владата на Република Српска и би рекол дека ги укинуваме границите и дека сме едно. Веќе би заседавал Советот за безбедност на Обединетите нации. Сега имате претставник на непризната, непостоечка држава и претставник на суверена држава кои велат дека ќе ги укинат границите. Па како е тоа можно“, рекол Вулин за телевизија „Пинк“.

Тој додал дека „голема Албанија“ се прави како етнички чиста држава, и дека во тој случај ќе мора да ги иселат Србите, да го земат Косово од Србија, како и делови од други држави во регионот.

Вулин рекол дека е загрижен поради ситуацијата на Косово и Метохија, но истакнува дека српската страна нема да користи насилство и дека Србија нема да предизвика нестабилност, затоа што на српскиот народ му се потребни мир и стабилност.

Коронавирус