сабота, 21. мај 2022. Вести денес: 46
home Регион

Вулин откри кој е човекот кој планира АТЕНТАТ врз Вучиќ

Вулин откри кој е човекот кој планира АТЕНТАТ врз Вучиќ

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин на денешната прес-конференција изјави дека криминална група планирала убиство на претседателот Александар Вучиќ.

„Преку Европол добивме информација на 14 јануари под ознаката итно, од земја членка на ЕУ, бевме информирани за постоење на организирана криминална група чија цел е да го убијат претседателот на Републиката Александар Вучиќ.

После тоа, заедно со Европол, покренавме опсежна акција насочена кон спречување на убиството на претседателот на Републиката. На чело на таа организација е црногорскиот државјанин Радоје Звичер, еден од водачите на кавачкиот клан, кој се товари за организирање и нарачување на повеќе убиства на територијата на Црна Гора и други земји.

Истрагата ќе утврди дали Радоје Звичер тоа го направил за интересите на неговите политички лидери. МВР ќе направи се за целосно расветлување на овој случај и спречување на атентатот на претседателот“, рече Вулин.

„Но, дотогаш, припадниците на МВР и Безбедносно-информативната агенција ќе го информираат Обвинителството за организиран криминал за секоја информација што ќе ја добијат преку оперативната работа, но во соработка со претставници на воено-безбедносните структури ќе направат се за да го подобрат нашиот уставен поредок и секојдневието, да ги зачувуваат мирот и стабилноста, но и за зачувување на безбедноста и животот на претседателот. Да живее Србија“, рече Вулин.

Коронавирус