петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 109
home Регион

Вулин: Мило Ѓукановиќ е проблемот, а не црногорските граѓани

Вулин: Мило Ѓукановиќ е проблемот, а не црногорските граѓани

„Режимот на Мило Ѓукановиќ се впушта во граѓански судири и на тоа работи од кога започна да ја поддржува агресијата на НАТО против СРЈ во 1999 година“, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Како што јави допсникот на МИА од Белград, Вулин оцени дека “режимот на Мило Ѓукановиќ се одржува со тоа што својата вредност ја покажува како инструмент на анти-српската политика, се одржува во Црна Гора и во милост е на странците, така што себе се кандидира да проив Србија и Србите секогаш работи нешто што ни на најлошиот непријател не би му паднало на ум”.

Вулин пред пратениците на српскиот парламент кажа и дека „не може а да не сте загрижени“, но исто така порача дека не смее да се стори ништо што ќе ги загрози Србите во Црна Гора.

Тој додаде дека „најблизу е до ставот да се стави крај на сите дипломатски односи со Црна Гора, но се праша што тогаш ќе се случи со Србите во Црна Гора“ и наведе дека тоа Србија не смее да го стори.

-Не смееме да дозволиме Србите во Црна Гора да бидат обвинети за продолжување на раката на никого однадвор. Она што мислам дека треба и мора да го направиме е веднаш да го повикаме црногорскиот амбасадор да ни објасни што се случува таму, да инсистираме во сите меѓународни организации како што е Советот за безбедност или институциите на ЕУ, вклучително и невладините организации и форуми кои се занимаваат со човекови и религиозни права, да се изјаснат за тоа што се случува, рече Вулин.

Тој оцени дека Мило Ѓукановиќ е проблемот, а не црногорските граѓани, и дека Србија треба да размисли за одредување на сет на мерки што директно ќе влијаат на Ѓукановиќ и носителите на неговиот режим

Коронавирус