сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 20
home Регион

Вучиќ вечерва ќе соопшти нови остри мерки за Белград поради коронавирусот

Вучиќ вечерва ќе соопшти нови остри мерки за Белград поради коронавирусот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по препорака од Кризниот штаб за сузбивање на ширењето на коронавирусот вечерва ќе објави нови остри мерки за Белград поради неповолната епидемиолошка ситуација, пишува српски Информер.

Според порталот, од вкупниот број на извршени тестирања во изминатите 24 часа над 80 проценти од заразените се од Белград.

Информер пишува дека Вучиќ вечерва ќе ја објави конечната одлука за новите ригозорни мерки кои ќе стапат на сила во главниот град на Србија.

Извори на порталот велат дека се размислува за повторно воведување полициски час во вечерните часови или целосно затворање на Белград што ќе значи забранер влез и излез од градот. Втората опција е помалку веројатна дека ќе биде донесена.

Коронавирус