понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 159
home Регион

Вучиќ: Турција е важен фактор на Балканот

Вучиќ: Турција е важен фактор на Балканот

Нема никаков сомнеж оти Турција е незаобиколив и важен фактор за сите прашања на Балканот, изјави денеска во Анкара српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Оној кој мисли дека некој сака или може да избегне земја од 80 милиони жители, нација во подем, со значителна економска моќ и стопански раст од 7,4 отсто минатата година, тогаш тој не ги разбира регионалните и глобалните движења, истакна Вучиќ.

Во пресрет на денешната негова средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Вучиќ нагласи дека очекува во разговорите да биде постигнат одреден степен на разбирање во согласност со пријателските билатерални односи.

Тој истакна дека Србија очекува разбирање од Турција, исто како што таа има почит и разбирање за турските интереси на Балканот

– Трeба да знаеме да наједеме минимум заеднички интерес и да ги зачуваме мирот и стабилноста на Балканот, додаде Вучиќ.

(Миа)

Коронавирус