петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 62
home Регион

Вучиќ: Србија и Косово се на светлосни милји од договор

Вучиќ: Србија и Косово се на светлосни милји од договор

Претседателот на Србија денеска рече дека Белград и Приштина „се светлосни милји, години“ далеку од договор, но дека „ние треба да инсистираме на преговори“.

„Од албанските претставници постојано се слуша дека тие се за договор и дека договорот е блиску, иако тој е светлосни милји, години далеку, само за да ја обвинат Србија дека е виновна за неговото непостигнување“, рече Вучиќ, одговарајќи на прашања од граѓаните на социјалната мрежа Инстаграм.

Тој рече дека поради тоа Белград мора да инсистира на укинување на таксите, на дијалог и на „обид да се направи компромис“.

„Во секој момент знаеме што е нашата работа, кои се нашите задачи и со колкава одлучност мораме да ги штитиме нашите национални и државни интереси“, рече Вучиќ.

Тој им се заблагодари на Србите во Косово и Метохија „што ги чуваат своите домови и се грижат не само за својата, туку и за иднината на својата земја“ и вети дека таа ќе продолжи да им помага со „уште повеќе напор и енергија“ од досега.

Вучиќ од 11 до 13 часот одговараше на прашања, а некои од одговорите досега се ставени на Инстаграм.

Во еден претходно објавен одговор, Вучиќ рече дека голем број прашања се однесувале на Косово.