среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 127
home Регион

Вучиќ се огласи за тензиите на Косово: Србите се исплашени, но војската е подготвена да си го брани народот

Вучиќ се огласи за тензиите на Косово: Србите се исплашени, но војската е подготвена да си го брани народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето обраќање од парламентот, рече дека во акцијата на северот на Косово уапсени се 23 лица од српска и бошњачка националност.

Вучиќ акцијата ја оцени како обид за криминализација на српскиот народ, кој, како што рече, е поисплашен од кога и да е.

Но, Вучиќ испрати и остра порака дека српската војска ќе го одбрани својот народ ако дојде до напад и дека ќе го победат противникот.

-Состојбата е тешка. Србите не располагаа со никакво оружје. Во моментов кај техничкото училиште се тепаат граѓаните Срби, а им се упаѓа и по куќите, рече Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Коронавирус