среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 59
home Регион

Вучиќ: Се надевам дека САД ќе го почитуваат суверенитетот на српскиот народ

Вучиќ: Се надевам дека САД ќе го почитуваат суверенитетот на српскиот народ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази надеж и верба дека Америка ќе го почитува суверенитетот, независноста и слободата на српскиот народ и државата, како што Србија ја цени слободата, силата и независноста на САД.

– Едните со другите исто да се почитуваме и Америка да ја почитува Србија како што Србија ја почитува Америка, изјави Вучиќ на отворањето на изложбата „Кралство Србија и САД“ по повод 100-годишнината од Денот на Србија во Вашингтон.

Тој истакна Србија мора да тежнее кон подобри односи со оваа велесила, додавајќи дека во последните 30 години односите меѓу Србија  и САД биле тешки, без усогласување на важните прашања.

Тој рече дека Србија не очекува од САД ништо повеќе од она што може земјата согласно своите интереси да даде, како и дека Белград не може да даде повеќе од она што се нејзини интереси.

– Америка може да ни помогне така што би нè слушнала како рамноправен соговорник кој не се занемарува и не моли, туку аргументирано ги застапува своите интереси. Немаме причина да бараме повеќе, нагласи Вучиќ.

Како што истакна, она што Србија го сака е пријателство и партнерство, и заедно со САД во мир да „создава нов Никола Тесла и Михајло Пупин“.

– Размената на најдоброто е рецепт за понатамошните односи, изјави Вучиќ. (МИА)

Коронавирус