недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 36
home Регион

Вучиќ повторно бара од ЕУ да каже од што се отруени членовите на ЦИК во Приштина

Вучиќ повторно бара од ЕУ да каже од што се отруени членовите на ЦИК во Приштина

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска повторно ја праша портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчич дали може да каже со каков отров се имаат отруено членовите на Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина, додавајќи дека му е жал што ниту ЕУ, ниту американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер не се занимавале со толку важно прашање.

Вучиќ на својот Твитер профил, потсети дека се поминати три недели од случајот со „труењето“ на членовите на ЦИК на Косово и повтори дека додека бил жив, нема да се откаже од трагањето за одговорот на ова важно прашање.

-Поминаа повеќе од три недели откако Албанците тврдеа дека имало масовно труење на етничка основа во ЦИК во Приштина. Те молам, драга Мајо, конечно да ни кажете дали станува збор за антракс, новичок или за средство за чистење на мебел. П.С. Додека сум жив, нема да се откажам од потрагата за одговорот на ова важно прашање. Жал ми е што оваа важна работа, во која, наводно, учествувале Срби, очигледно не се разгледува ниту од ЕУ, ниту од Метју Палмер. Јас ќе се занимавам со ова. Однапред благодарен, напиша Вучиќ.

Тој пред неколку дена испрати писмо до Маја Коцијанчич, во кое инсистира на тоа ЕУ да одговори по повод случајот за наводното труење на членовите на косовската ЦИК од албанска етничка припадност.

Коцијанчич одговори дека резултатите од истрагата се чекаат и дека мисијата за набудување на изборите на ЕУ во Косово внимателно го следи случајот.

Инаку денеска од Кабинетот на срспкиот претседател најавија дека тој утре ќе има средба со американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер.

Коронавирус