четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 162
home Регион

Вучиќ по втор пат стана бруцош,сака да биде кошаркарски тренер(ФОТО)

Вучиќ по втор пат стана бруцош,сака да биде кошаркарски тренер(ФОТО)

Претседателот на Србија по втор пат официјално стана бруцош.

Александар Вучиќ присуствуваше на свечениот прием на бруцоши во Високата спортска школа, а фотографиите ги објави на својата страница на Инстаграм @ futuresrbijeav.

„Среќен сум што по многу години почнувам да ги остварувам детските соништа“, напиша Вучиќ со фотографиите на кои се гледа како седи меѓу колегите студенти, а очигледно е дека тој е единствениот што не носи маска. Сепак, подоцна ја ставил.

„По втор пат во животот станав студент, овој пат на Вишата спортска школа за стручни студии, сакам да станам тренер за кошарка за деца“, се пофали Вучиќ во јули со фотографијата со индекс и мал баскет.

“Некои од моите неостварени желби се да тренирам деца. Некој клуб, земунски Младост или некој од Ушќе. Некои пионери или кадети, деца. Тоа е мојата најголема желба”, изјави Вучиќ за Курир,а запрашан дали има поголеми амбиции тој одговори: „Не, само мал клуб“.

Коронавирус