понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 126
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Регион

Вучиќ по средбата со Курти: Бараа да го признаам Косово

Вучиќ по средбата со Курти: Бараа да го признаам Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во Брисел, каде денес се одржа нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо политичко ниво. По средбата со пемиерот на Косово, Албин Курти, Вучиќ рече дека тие не се согласиле за ништо и дека ова е обид на Приштина денес Белград да го напушти дијалогот, но дека тоа нема да се случи.

На средбата меѓу Вучиќ и Курти присуствуваат и министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

– Јас дури и не знам што да ви кажам, должината на разговорот зборува за резултатите. Договорено е да се продолжи дијалогот на највисоко ниво до крајот на јули, се надевам дека ова е важна работа што може да гарантира мир и стабилност. Албанската делегација не сака да ги исполни договорите потпишани од Албанците. Тие побараа веднаш и итно да слушнат кога ќе го признаеме Косово, а под три ги нарекуваат инциденти и провокации фактот дека Србите сакаат да присуствуваат на литургии во нивните цркви затоа што таа земја е дадена за време на владеењето на Слободан Милошевиќ. Албанците не сакаат да зборуваат за Сојузот на српски општини, тие прашуваат кога ќе ја признаеме независноста на Косово – рече претседателот.

Коронавирус