сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 77
home Регион

Вучиќ по преговорите во Вашингтон за признавање на Косово : Го одбивме тоа

Вучиќ по преговорите во Вашингтон за признавање на Косово : Го одбивме тоа

Во вонредното обраќање од Вашингтон по преговорите со косовскиот премиер Хоти , српскиот претседателм им се заблагодари на домаќините и рече дека е неизвесна средбата со Трамп.

Александар Вучиќ рече дека е задоволен од подготвеноста на белградската делегација и дека им е благодарен на домаќините кои сакаа да ги слушнат забелешките и покрај тоа што многу работи не беа лесни за Белград.

Тој посочи дека присуствувале сите луѓе од финансискиот и економскиот сектор на американската влада, како и дека дошла ќерката на претседателот , а воедно и негов советник, Иванка Трамп но не останала долго.

Според него, тие имале и посебна средба со Роберт О’Брајан и никој не може да потврди дали ќе има состаноци и приеми на највисоко ниво. Тој вели дека зависи од тоа што ќе се договори во текот на вечерта и утрото.

,,Луѓето од администрацијата на Трамп беа фер, тие нè слушаа, а точката каде зборуваме за меѓусебно признавање веќе ја нема во документите, рече претседателот Вучиќ во изјавата.

Постојат различни политички моменти, уверува Вучиќ, и тој изјавува дека борбата сè уште трае. Дали ќе има повеќе договори и состаноци на повисоко ниво – никој не може да каже во овој момент, наведува тој.

Гренел не кажа конкретно што мисли, вели Вучиќ, наведувајќи дека навистина сакале да ја слушнат српската страна.

„Ништо не промашивме, за нас тоа беше формално, но не и суштинско изненадување“, вели тој.

“Ако успееме да протуркаме уште неколку ситници, ќе бидам задоволен. Дали ќе успееме или не – не можам да го кажам тоа”, додаде тој.

Конечниот документ ќе може да се види утре, доколку го има, вели Вучиќ. Тој им порача на луѓето во Србија дека нема да го потпише признавањето.

„Нема страв од потпишување документ со кој се признава независноста и поентата, реков јасно и гласно“, рече тој. Според него, Србија не сака ниту да го разгледа тоа, рече Вучиќ по преговорите со косовската делегација.

,,Нема да разговараме за други теми, освен за признавањето, рече премиерот на Косово, Авдулах Хоти, во кратката изјава од Вашингтон за албанската телевизија Клан Косова.

Коронавирус