петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 71
home Регион

Вучиќ откри кога и каде ќе се вакцинира

Вучиќ откри кога и каде ќе се вакцинира

Александар Вучиќ, претседателот на Република Србија, на прашањето кога ќе се вакцинира против коронавирусот одговори:

-Реков, кога ќе ја надминеме бројката од еден милион ревакцинирани, а очекувам тоа да биде в понеделник или вторник, рече тој, пренесува Б92.

– Во неделата кога ќе се вакцинирам, ќе видите дека ќе вакцинираме 500.000 луѓе. Постојано велат дека лобито против вакцинација е големо, не е, треба да им одите на луѓето во село, бидејќи тие помалку се грижат за себе, за разлика од оние во градот, рече Вучиќ.

Како што додаде, вакцината ќе ја прими во некое помало место каде што ќе ги покани сите да се вакцинираат.

ЕУРО 2020

Македонија