среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Регион

Вучиќ очекува до 2026 Србија да стане членка на Европската Унија

Вучиќ очекува до 2026 Србија да стане членка на Европската Унија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ е во посета на Брисел каде се сретнува со високите функционери на ЕУ.

Тој на новинарите им се обрати пред српската амбасада во Брисел.

Порача дека се водени разговори за важни прашања за кои зборувал непосредно.

„Имавме, ми се чини, многу важен разговор. Едно од суштинските нешта во нашата политика мора да биде забрзувањето на европската интеграција, за што денес разговарав со високите претставници на ЕУ“, изјави тој.

Најави продолжување на дијалогот со Приштина и забрзување на европските интеграции на Србија.

„Наското очекуваме продолжување на дијалогот, пред тоа самитот на кој ќе бидат претставници на двете земји битни за продолжување на дијалогот на Белград и Приштина, но и за нашата интеграција. Мислам дека суштината на Србија и ЕУ е како Србија да го забрза својот европски пат, но и како да добие гаранции од ЕУ, дека доколку ги исполни условите ќе добие зелено светло во Европа“, порача српскиот претседател.

Тој изјави дека со медијаторот на ЕУ Мирослав Лајчак речиси секојдневно е во комуникација и дека со него разговарал за односите со Приштина.

„За нас е најважно да бидеме воздржани. Ние знаеме дека се случувале страшни злосторства. Добро е за нив да има правда, но со таа воздржаност ги штитиме нашите луѓе на Косово. Лесно ни е нам во Белград, но тешко на луѓето во Штрбац и останатите места“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека очекува до 2026 година Србија да стане членка на Европската Унија.

„Уверен сум дека со оптимизам влегуваме во новата фаза на односите со ЕУ. Верувам дека со крајот на мандатот на новата влада ќе ги завршиме преговорите со Унијата, што значи дека би било реално до 2026 година да станеме држава членка на ЕУ. Тоа не е може мислење, тоа е надевање“, кажа тој.

Истакна и дека очекува продолжување на разговорите со Приштина за две до три недели.

Коронавирус