среда, 28. јули 2021. Вести денес: 154
home Регион

Вучиќ: Не измислувајте дека некого сум викал на тепање (ВИДЕО)

Вучиќ: Не измислувајте дека некого сум викал на тепање (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа денес дека не е точно дека тој некого предизвикувал на тепачка, туку кажа дека тие дошле него да го тепаат, по инцидентот со претседателот на српската Народна партија Вук Јеремиќ. Поранешниот шеф на српската дипломатија Јеремиќ со уште тројца партиски функционери во петокот пред српското Претседателство бидејќи Вучиќ ден претходно ги прозва кажувајќи дека „сака да ги тепа“.

„Ми замерија, бидејќи повеќе не знаат што да прават… Слегов… Со месеци слушам дека ќе нè тепаат на улица и секој ден како ќе нè тепаат на улица и никогаш не се осмелуваат“, кажа српскиот претседател.

Тој истакна дека слуша „од овие дека ќе ги стават во затвор“, како и дека „нашите семејства ќе одговараат“.

„Тогаш кога претераа и кога на секој на социјалните мрежи почнаа да му зборуваат „ти ќе настрадаш, ќе ти настрада семејството, ти ќе одиш во затвор, а тебе ќе те линчуваме, тебе ќе те тепаме, ти ќе пискаш“. Кога на Ана Брнабиќ ѝ кажаа глупачо, олош, кокошко една… а молчеа сите. И од владата и од таканаречните независни медиуми, невладиниот сектор. Тогаш јас се дрзнав и кажав „нема проблем, немојте тие луѓе да ги линчувате, дојдете да ме линчувате мене“. Не измислувајте дека јас некого сум викал на тепачка. Јас кажав да дојдат мене да ме тепаат, што јасно го слушате и гледате. Стојам мирно, никој не ме поместил за милиметар“, кажа Вучиќ.

„Дојдоа петмина до 500 килограми жива мера, но не можеа ни да ме линчуваат ни што било друго. Јас згрешив. И сега гледате до каде оди таа расипаност. Се симнав и ми излета нешто. Единствениот збор поради кој се извинувам на народот и на граѓаните на Србија. Се симнав и им кажав „ајде дојдов, сам сум“. Тие петмина ме опкружија. „Линчувајте ме девојчиња““, кажа српскиот претседател.

Коронавирус