понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 150
home Регион

Вучиќ: Менуваа граници, а сега им пречи Србија нешто да добие

Вучиќ: Менуваа граници, а сега им пречи Србија нешто да добие

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вчера во Алпбах, Австрија, каде престојува на Евопскиот форум, дека ќе се обиде да се избори Србите и Србија да добијат значително повеќе од она што е сега „ништо“ по прашањето за Косово.

– Фатмир Љимај рече дека нема да има промени на границите, што и други исто говорат, не разбирајќи дека кога тоа го велат Албанците, тие кажуваат дека Косово е независно и дека Србија таму нема ништо. Кога некој говори во регионот против идејата за разграничување, на страна што не знаат, тие ништо не знаат за етимолошкото значење на тој термин, но и политички не разбираат дека се залагаат за разграничувањето веќе многу години, но за она што е лошо и негативно за Србите, кои нема да добијат ништо, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека се бори „Србите и Србија да добијат значително повеќе од она што е сега „ништо“ по прашањето за Косово, но тоа некому му пречи”, додавајќи дека очекува за време на главниот форум да го нападнат од т.н. граѓански сектор, бидејќи некои од западниот свет се кријат затоа што не сакаат директно да се експонираат, „туку тоа им го препуштаат на младите луѓе кои ќе разговараат како ние тоа го уриваме европскиот поредок, како да тие тоа веќе го немаат тоа сторено“.

– Ги сменија границите пред 12 и 10 години, а сега им пречи Србите нешто да добијат. Србите веројатно не треба ништо да добијат, треба да бидат понижени до крај, истакна српскиот претседател, додавајќи дека не знае колку треба да биде мала и понижена Србија за сите да бидат задоволни.

Вучиќ, пред отворањето на “Политичките дискусии” на Европскиот форум, каде што заедно со Хашим Тачи учествуваат во дискусијата “Нови перспективи за проширување на Европската унија”, рече дека ќе разговара со претседателот на Косово и со многу меѓународни партнери, бидејќи сака да дојде до одржливо решение на проблемот со Косово.

– Ова е тешка точка и сигурно е дека ова ќе биде една од клучните теми за дискусија со Себастијан Курц, Јоханес Хан, австрискиот претседател Ван дер Болен и со Хашим Тачи, заедно со претставниците на ЕУ.  Не очекувам ништо лесно, ништо едноставно. Но, ајде да видиме дали можеме да се приближиме кон нешто или се уште сме исто толку далеку колку што бевме и досега, порача Вучиќ.

Коронавирус