недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ – Кечијанг: Србија и Кина вечни пријатели

Вучиќ – Кечијанг: Србија и Кина вечни пријатели

Кина очекува и во иднина да ја гледа Србија како независна, самостојна и силна, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со кинескиот премирер Ли Кечијанг во кинескиот град Тианџин.

Вучиќ изјави дека во разговорите со кинескиот премиер била изразена едногласност и взаемна поддршка за сите политички прашања.

Српскиот претседател истакна дека оваа посета на Народна Република Кина е голема чест за Србија.

– Ние сме вечни пријатели, го покажавме тоа едни кон други во тешки услови и времиња, не само кога е лесно, изјави кинескиот премиер.

Изразувајќи голема благодарност кон Кина, Вучиќ потсети дека дури и во тешките моменти во 1999 година, Кина била со Србија, како и секогаш во модерната историја на земјата.

Коронавирус