петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 51
home Регион

Вучиќ ја прифати поканата да ја посети Хрватска

Вучиќ ја прифати поканата да ја посети Хрватска

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја прифати поканата од хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во средината на февруари да го посети Загреб.

– Тие разговори нема да бидат ниту лесни, ниту пријатни, ќе бидат многу корисни за нашите граѓани, и за Србите и за Хрватите, изјави Вучиќ на прес-конференција по разговорите со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани.

Вучиќ рече дека за Србија е „многу важна“ поканата од Загреб и најави дека ќе разговара со сите хрватски официјални претставници, претставници на српската заедница.

– Не е момент во кој ние, Србите и Хрватите треба да се надмудруваме за тежината на зборовите и да размислуваме за тоа како ќе реагира нашата јавност, оцени Вучиќ.

Тој очекува посетата на Хрватска да биде на 12 и 13 февруари.

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ го покани вчера српскиот претседател во посета на Загреб во средината на февруари, оценувајќи дека е „созреано времето“ за средба.