петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 89
home Регион

Вучиќ: Исчезнатиот новинар е пронајден

Вучиќ: Исчезнатиот новинар е пронајден

Исчезнатиот новинар Стефан Цветковиќ е пронајден и е добро, соопшти на прескофенренција за медиумите, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Б92.

-Жив, здрав, поздрав не може да биде, рече Вучиќ за Цветковиќ кој, како што рече, сега се наоѓа на испитувања во Управата на криминалистичката полиција.

Вели дека е горд на безбедносните сили, но истакнува дека Цветковиќ има многу работи кои треба да ги објасни.

Цветковиќ бил пронајден во претпладневните часови во широкиот регион на Бела Црква.

-Во добра состојба е. Тој изнесе некои свои тврдења. Дали се вистина или не, нашите безбедносни органи се сомневаат во тие тврдења, но ние ќе се однесуваме како да е вистина тоа што го каза, рече Вучиќ.

Истакна дека сослушани се десетина лица, дека се прегладени повеќе снимки од надзорни камери, и оти ниту една снимка не излегла во медиумите.

Коронавирус