понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Вучиќ: Годинава понуда во врска со Косово која Србија нема да смее да ја прифати

Вучиќ: Годинава понуда во врска со Косово која Србија нема да смее да ја прифати

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денес дека на Србија годинава за прашањето за Косово ќе и биде понудено нешто што тешко може да го одбие, но нема да смее да го прифати, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ за ТВ Прва кажа да предвидува дека се работи за некаков ултиматум „Ахтисари плус, плус„ план, дека ќе се обиде да се каже дека Србија добива гаранции за членство во ЕУ, но мора да го признае Косово, со што ќе добие и специјален статус за Србите.

Вучиќ оцени дека ова решение ќе биде полошо од она што тој го предложил, но дека тој нема да го прифати.

-Што и да биде, можам само да осетам каква ќе биде иницијативата на Специјалниот претставник на ЕУ, додаде тој, посочувајќи дека знае кој ќе биде на таа функцијата, но дека сè уште не може тоа да го изнесе јавно, и дека сигурно тоа ќе биде човек близок до Берлин.

Тој најави дека ќе го праша народот и потсети дека пред три години го изнел својот предлог, но дека никој не го прифатил.

Вучиќ коментирајќи го за ТВ Прва пристигнувањето од Русија на првиот дел од одбранбениот систем „Панцир“, оцени дека ова ќе ја зајакне Србија, но и дека ќе го засили и притисокот врз Србија.

На прашањето дали САД би можеле да воведат санкции за Србија поради руското вооружување, Вучиќ кажа дека јавно зборувал за „Панцир“ и дека смета дека предупредувањата за можни санкции не се однесуваат за „Панцир“, туку на ракетениот систем С-400.

Коронавирус