четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 157
home Регион

Вучиќ го покани Доналд Трамп да ја посети Србија

Вучиќ го покани Доналд Трамп да ја посети Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ честитајќи го националниот празник на САД, Денот на независноста му упати покана на американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Србија, соопшти Кабинетот на српскиот претседател.

– Наскоро се навршува цел век откако српското знаме се виореше над Белата куќа. Потсетувајќи се на тој светол пример од заедничкото минато на нашето сојузништво (Првата светска војна), сакам уште еднаш да Ви упатам покана во годината на јубилејот да ја посетите Србија, како прв американски претседател после безмалку 40 години. Вашата посета би била од најголемо значење за понатомошно унапредување на сеопфатната соработка на нашите две земји, за што Србија е силно определена, се наведува во честитката на српскиот претседател.

Вучиќ, исто така се заблагодари на поддршката на САД кон Србија на европскиот пат, а особено на поддршката на напорите кои Србија ги прави за зачувување на мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Коронавирус