недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ донира 10 илјади дози „Астра Зенека“ за БиХ

Вучиќ донира 10 илјади дози „Астра Зенека“ за БиХ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Сараево, каде што ќе им предаде контингент вакцини против коронавирус на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Како што јавија босанските медиуми, Вучиќ денеска ќе предаде прва пратка од 5 илјади дози вакцини од производителот „Астра Зенека“, од вкупно 10 илјади што им ги вети.

„Не е важно кој ги набавил вакцините, бидејќи тие се важни за здравјето на граѓаните. Мислам дека тоа може да им помогне на сите лекари во Босна и Херцеговина, особено на оние што работат во ‘црвената зона’ и на некои постари лица. Утре носиме 5 илјади дози вакцини. Значи, вкупно 10 илјади дози вакцина ‘Астра Зенека’“, изјави Вучиќ за сараевскиот весник „Аваз“ во пресрет на денешната посета.

Српскиот претседател донираше вакцини и во С Македонија, вкупно 8 илјади дози од производителот „Фајзер/Бионтек“.

Во Србија граѓаните имаат ретка можност да избираат со која вакцина против ковид-19 ќе се вакцинираат од сите што се одобрени за употреба.

Коронавирус