недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 106
home Регион

Вучиќ: Денешната полициска акција е голем удар за мафијата и организираниот криминал

Вучиќ: Денешната полициска акција е голем удар за мафијата и организираниот криминал

Ова е голем удар за мафијата и организираниот криминал, оцени денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по полициската акција во која рано утринава беа уапсени 17 лица осомничени за убиства, киднапирања, изнуда и продажба на дрога.

Вучиќ во заедничко обраќање со српската премиерка Ана Брнабиќ, после седницата одржана по повод 100 дена нова српска Влада, рекол дека акцијата е продолжение на најавената одлучна борба на државата против мафијата и организираниот криминал.

Пребарани повеќе од 30 локации

Полицијата во Белград утринава уапси 17 лица осомничени за убиства, изнуда, рекетирање, киднапирање и трговија со дрога, а во текот на денот се претресени повеќе од 30 локации, вклучувајќи ги и стадионите на Партизан и Црвена ѕвезда, чии навивачки групи се поврзани со водачите на уапсената организирана криминална група.

Вучиќ рекол дека верува дека „борбата ќе продолжи“ и дека такви акции ги очекуваат „Ниш и Врање, Ваљево, Суботица и други градови“.

„Како што гледате, државата неколку месеци следеше и бараше докази и победи“, додаде Вучиќ, откако претходно и српскиот министер за полиција, Александар Вулин порача дека нема да се дозволи „создавање на криминални кланови кои мислат дека се посилни од државата“.

ЕУРО 2020

Македонија