четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Вториот круг од претседателските избори во Хрватска со подобра излезност

Вториот круг од претседателските избори во Хрватска со подобра излезност

На вториот круг од претседателските избори во Хрватска до 16 часот и 30 минути гласале повеќе од 1,5 милиони гласачи, односно 43,52 отсто, соопшти Државната изборна комисија.

Оваа излезност е подобра од првиот круг, односно околу 190.000 гласачи повеќе.

Во Хрватска се одржува вториот круг од претседателските избори, седми по ред, со повеќе од 3,8 милиони избирачи кои имаат право на избор меѓу поранешниот премиер Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската СДП и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, кандидат за владејачка ХДЗ.

Новиот хрватски претседател ќе биде кандидатот кој ќе освои повеќе гласови од граѓаните кои ќе излезат да гласаат до 19 часот.

Првите прелиминарни изборни резултати се очекуваат околу 20 часот.

Коронавирус