недела, 11. април 2021. Вести денес: 57
home Регион

ВРИЕ ВО ЦРНА ГОРА, СЕ ЗАОСТРУВААТ МЕРКИТЕ: На oвие места, работата на угостителските објекти е забранета

ВРИЕ ВО ЦРНА ГОРА, СЕ ЗАОСТРУВААТ МЕРКИТЕ: На oвие места, работата на угостителските објекти е забранета

Специјалните анти-епидемиски мерки претходно донесени за општините Будва и Тиват важат за Херцег Нови, освен во делот што се однесува на напуштање на територијата на општината во работни денови, изјави директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора Игор Галиќ, пренесува Вијести.

Во општините Подгорица, Даниловград, Цетиње, Никшиќ, Улцињ, Котор, Даниловград, Тузи и Бар е наредена забрана на работата на угостителски објекти, освен за гостите во хотелот.

Исто така е забрането организирање активности за рекреација на отворени и јавни места.

– Тоа се забавните паркови, панорамското тркало …, рече Галиќ.

Угостителските објекти се должни да отстрануваат мебел или на друг начин да ја спречуваат нивната употреба за време на забраната за работа.

Потребен е негативен PCR тест за патници кои доаѓаат од земјите Сан Марино, Луксембург, Андора, Словачка, Бугарија и Боцвана, освен за црногорските граѓани и лицата што живеат во таа земја.

Галиќ рече дека сегашната епидемиолошка состојба во Црна Гора е крајно сложена и дека бројот на смртни случаи од последиците на Ковид-19 минатата недела и товарот врз здравствениот систем се загрижувачки.

Тој рече дека се забележува мало намалување на бројот на нови пациенти.

Во моментов, исполнети се 75,8 проценти од болничките капацитети наменети за пациенти со Ковид-19.

Коронавирус