вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 145
home Регион

Врие во Атина на протестот против Преспанскиот договор

Врие во Атина на протестот против Преспанскиот договор

Инциденти се случија пред грчкиот Парламент за време на протестот во Атина организиран против Договорот од Преспа, јави дописникот на МИА од Атина.

Група маскирани лица со грчки знамиња веројатно припадници на екстремно десничарски групи се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот Парламент.

Тие, како што јави дописникот на МИА од Атина, со предмети, шишиња и пиротехнички материјали ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец. Кон полицијата беа фрлани и бои.

Коронавирус