среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 152
home Регион

Вработените во грчката електродистрибуција го прекинаа штрајкот

Вработените во грчката електродистрибуција го прекинаа штрајкот

Вработените во грчката Национална електро-компанија (ДЕИ) доцна синоќа соопштија дека ги прекинуваат 48-часовните штрајкови што ги почнаа оваа недела, откако Парламентот одобри закон со кој ДЕИ од идниот месец може да почне да ги продава електроцентрали.

Синдикатот на вработените ГЕНОП-ДЕИ, издаде пишана изјава во која ги критикуваше пратениците на владината коалиција и истакна дека „секогаш ќе бидат одговорни за ограбувањето на ДЕИ“.

– Што се однесува до Владата, не треба да се фали. Можеби ја доби битката во Парламентот, но ќе ја изгуби војната во општеството, се наведува во изјавата.

За време на дебатата во Парламентот, стотици работници од ДЕИ протестираа пред Парламентот против приватизацијата на електроцентралите што е едно од барањата на меѓународните кредитори на Грција.

Локални избори 2021