петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Регион

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нова снимка од бруталната тепачка во која со нож беше избоден зетот на Наташа Беквалац

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нова снимка од бруталната тепачка во која со нож беше избоден зетот на Наташа Беквалац

37 годишниот Дамир Дадо Михајловиќ од Нови Сад брутално беше претепан и прободен со остар предмет во петокот околу 13 часот пред едно кафуле на улицата Мишо Димитријевич во Нови Сад.

Како што може да се види на една од видео снимките, спортистот Михајловиќ, кој е зет на познатата пејачка Наташа Беквалац, седел со своите пријатели во кафулето.

Во еден момент тројца мажи го обиколиле неговиот стол , а Михајловиќ штом ги видел станал за да не направи хаос и неред во кафулето. Тој со раката им замавнал да се тргнат на страна, а потоа еден од тројцата дошол до него и започнала тепачката.

Набрзо сите тројца започнале да го удираат ММА борецот и како што се претпоставува, некој од нив со остар предмет го прободел.

Рано утринава беше објавена уште една видео снимка од кафичот на која може да се забележи како гостите во еден момент бегаат а потоа се гледа како тројцата напаѓачи удираат по Михајловиќ.

– Еден од напаѓачите замавнал со пепелник по Михајловиќ, по што тој веднаш паднал на земја. Потоа напаѓачите започнале да го удираат уште неколку пати, а потоа еден од нив извадил нож и го забодел неколку пати во ногата. Веднаш потоа напаѓачите побегнале од локалот, наведува извор на истрагата.

Инаку Михајловиќ во вчера излезе од болница и е пуштен на домашно лекување.

Михајловиќ е сопруг на братучетката на Наташа Беквалац, ќерка на нејзината тетка Јелена Мркиќ.

Тој е поранешен шампион на SBC организацијата, еден од првите српски ММА борци признати на меѓународно ниво.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ….

Коронавирус