недела, 26. септември 2021. Вести денес: 0
home Регион

Вооружен грабеж во банка во центарот на Атина

Вооружен грабеж во банка во центарот на Атина

Две непознати лица претпладнево извршиле вооружен грабеж во банка во строгиот центар на Атина, одзеле непознат паричен износ и побегнале, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката телевизија Мега, едниот со пиштол, а другиот со калашников им се заканиле на вработените и клиентите, во банката останале околу две минути, а откако ги земале парите, побегнале пеш.

Грабежот се случи околу 12 часот напладне во филијала на банка што се наоѓа на една од попрометните улици во строгиот центар на Атина, во период кога постои голема раздвиженост, не само на грчките граѓани, туку и на туристи.

Во тек е акција на полицијата за пронаоѓање и апсење на сторителите.

Коронавирус