недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 89
home Регион

Вонредни мерки за помош на земјоделците во ЕУ поради коронавирусот

Вонредни мерки за помош на земјоделците во ЕУ поради коронавирусот

ЕУ ги одобри вонредните мерки за поддршка на земјоделскиот сектор, силно погоден од кризата со Ковид-19. Земјоделците ќе можат да добијат до седум илјади евра помош, јави дописничката на МИА од Брисел.

Помошта е наменета за најтешко погодените земјоделци и земјоделски мали и средни претпријатија. За фирмите е предвидена поддршка до 50 илјади евра, освен за оние активни во риболовниот сектор.

Парите доаѓаат од веќе постоечки фондови за рурален развој.

-Кризата со Ковид-19 е голем тест за солидарноста на ЕУ. Усвојувањето на овој акт денес ќе им помогне на многу земјоделци и мали компании да продолжат да работат, изјави хрватската министерка за земјоделство, Марија Вучковиќ.

Критериумите за селекција се однесуваат, меѓу другото, на земјоделскиот сектор, структурата на фармите и начинот на одгледување, маркетингот и бројот на сезонски работници. (MИА)

Коронавирус