петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 132
home Регион

Воени бродови на НАТО впловија во Драч

Воени бродови на НАТО впловија во Драч

Два борбени брода дел од мисијата за брза реакција на НАТО во Средоземјето, впловија во најголемото албанско прстаниште Драч.

Нивниот престој на албанското крајбрежје се поврзува со десетгодишнината од членството на земјата во Североатлантската алијанса, како и спроведување воена вежба со албанската морнарица.

Бродовите се дел од холандската и канадската морнарица и нивното пристигнување, според командантот на француската морнарица Сјоерд Фенстра претставува „признание за придонесот на Албанија, како дел од мисиите на НАТО на копно и на море“.

– На десетгодишнината од членството на Албанија во НАТО, ние сме тука за дадеме прзнание за вашиот придонес. Во тие рамки, исто така, ќе реализираме и заедничка вежба. Нагласувам дека од големо значење е соработката и зајакнувањето на односите меѓу земјите-членки на Алијансата, изјави Фенстра.

Во изминатите десет години откако е членка на НАТО, Албанија била дел од мисиите во неколку земји во светот, во кои животите ги загинаа тројца припадници на албанската армија, Фети Вогли во Авганистан, како и недоамна во Летонија, Зарифе Хасанај и Клодијан Тануши.

Албанските поморски сили се дел и од мисијата за спасување на имигранти во водите на Егејско Море.

Коронавирус