вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Регион

Во Загреб уапсени двајца странски државјани кои со приватен авион транспортирале кокаин

Во Загреб уапсени двајца странски државјани кои со приватен авион транспортирале кокаин

Хрватската полиција уапси двајца странски државјани кои на загребскиот аеродром слетаа со приватен авион во кој е пронајден кокаин, повеќе од еден килограм.

Обвинителството се сомнева дека од средината на септември до крајот на октомври „биле поврзани во заеднички акции со повеќе лица од странство заради купување, транспортирање и шверц на кокаин во Хрватска, а со што организаторот на криминалното здружение има намера да купи разно огнено оружје и муниција на подрачјето на Хрватска“.

Осомничените кокаинот го набавиле во Африка, го скриле во авион во сопственост на трговска компанија, што ја раководи првообвинетиот. Потоа со авионот, кој тие го управувале, го транспортирале кокаинот од Мали до Загреб.