петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 122
home Регион

Во Загреб прогласена состојба на природна непогода поради земјотресот

Во Загреб прогласена состојба на природна непогода поради земјотресот
N1

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ денеска прогласи состојба на природна непогода поради земјотресот што вчера го погоди градот.

Град Загреб ќе распише јавен повик до физичките и правните лица да достават писмени пријави за утврдување штета на објектите.

Од вчера наутро, во Загреб и околината се регистрирани речиси 40 земјотреси, од кои првите два беа најсилни и предизвикаа значителна материјална штета на објекти, а повредени се повеќе лица. sos

Коронавирус