понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 155
home Регион

Во Унгарија 2.316 новозаболени и 47 починати од Ковид-19

Во Унгарија 2.316 новозаболени и 47 починати од Ковид-19

Во Унгарија, во последните 24 часа се регистрирани 2.316 нови случаи на коронавирус, додека 47 лица починале, објавено е денес на официјалната веб-страница на владата.

Од почетокот на пандемијата, 61.563 лица биле заразени со коронавирус во Унгарија, а 1.472 од нив починале, пренесува МТИ. Активни се 43.600 случаи, хоспитализирани се 2.602 пациенти, додека 233 лица се на апарати за дишење.

Во домашен карантин има 28.070 лица, а досега се тестирани 990.383 лица.

Во Унгарија, граничните контроли и ограничувачките мерки поврзани со влезот во земјата сè уште се на сила, а од граѓаните се бара да избегнуваат големи собири.

Носењето заштитна маска е задолжително во продавниците, јавниот превоз, киносалите, театрите, трговските центри, установите за здравствена заштита и социјална грижа, како и на настани на отворено, кои вклучуваат спортски настани.

Рестораните и објектите за забава се затвораат најдоцна во 23 часот.

Што се однесува до училиштата, во тек е есенскиот распуст за време на кој се врши дезинфекција на институциите.

Коронавирус