сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Регион

Во Турција осудени шестмина новинари на доживотен затвор

Меѓу осудените се Ахмет Алтан, поранешен главен уредник на весникот Тараф, неговиот брат, новинарот Мехмет Алтан и познатата новинарка Назал Алаџак.
Во Турција осудени шестмина новинари на доживотен затвор

Суд во Истанбул осуди на доживотен затвор шест новинари обвинети за учество во обидот за пуч во 2016 година, јави Анадолија.

Меѓу осудените се Ахмет Алтан, поранешен главен уредник на весникот Тараф, неговиот брат, новинарот Мехмет Алтан и познатата новинарка Назал Алаџак.

Новинарите беа обвинети за врски со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кого Турција го смета за организатор на неуспешниот преврат на 15 јули 2016 година. Ѓулен негира такви обвиненија. Шестемина новинари беа обвинети за обид за уривање на уставниот поредок и членство во терористичка организација. (МИА)

Коронавирус