среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Регион

Во Турција осуден новинар поради шпионажа

Во Турција осуден новинар поради шпионажа

Турски суд го осуди новинарот Кан Дундар, кој живее во егзил во Германија, на повеќе од 27 години затвор под обвинение за шпионажа и помагање на терористичка организација.

Дундар беше осуден на 18 години и 9 месеци затвор за издавање државни тајни заради политичка или воена шпионажа, се вели во пресудата. Судот исто така го осуди на дополнителни осум години и 9 месеци за поддршка на вооружена терористичка организација, на која не бил член.

Адвокатите на Дундар не присуствуваа на рочиштето, велејќи дека „не сакаат да бидат дел од практиката за легитимирање на претходно донесената политичка пресуда“.

Поранешниот главен уредник на турскиот весник Џумхуриет побегна во Германија во 2016 година и му се судеше во отсуство.

Коронавирус