среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 114
home Регион

Во Стразбур регионален форум за влијанието на Ковид-19 врз човековите права на Западен Балкан

Во Стразбур регионален форум за влијанието на Ковид-19 врз човековите права на Западен Балкан

Денеска и утре во Стразбур се одржува седмиот регионален форум за владеење на правото за Југоисточна Европа на тема „Ковид-19 и правата од Европската конвенција кои се погодени од пандемијата и ситуацијата на Западен Балкан“.

На форумот учествуваат претставници на Европскиот суд за човекови права, Советот на Европа и судските институции на земјите од Југоисточна Европа.

На централната конференција, која се одржува во Стразбур, присуствува претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано, а на учесниците им се обрати и комесарката на Советот на Европа за човекови права Дуња Мијатовиќ, кој оцени дека „здравствената криза ги разоткри и продлабочи долготрајните нееднаквости во уживањето на човековите права.

Во исто време, претседателите и судиите на врховните и уставните судови од земјите на Југоисточна Европа се собраа во Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје, Тирана и Загреб. (МИА)

Коронавирус